Пратениците Меџити, Коџаџику и Реџепи иницираа отстранување на дефиницијата 20% за употреба на албанскиот јазик


Тројца пратеници на Собранието на Северна Македонија, Изет Меџити, Мерита Коџаџику и Кастриот Реџепи, кои се дел од Фракцијата на ДУИ, денеска иницираа уставни измени што се однесува до бугарското прашање, но и за отстранување на дефиницијата 20% во однос на употребата на албанскиот јазик.
Предлогот до Комисијата за уставни измени при Министерството за правда и кој го носи потписот на тројцата пратеници, го поднесе потпретседателот на Форумот на млади на Демократската унија за интеграција и дел од Фракцијата, Јетмир Асани, заедно со група млади луѓе.
„Со оваа иницијатива уште еднаш го потврдуваме нашиот став дека сме за уставни измени во однос на бугарското прашање и силно стоиме на европскиот пат. Но, во исто време цениме дека е политички момент дефиницијата 20% за албанскиот јазик да се тргне од Уставот, бидејќи Уставот не се отвора секој ден, а сега имаме можност истовремено да го ставиме спроведување на албанскиот јазик на неговото вистинско место“, изјави Асани пред да го поднесе предлогот.
