Македонија

(ВИДЕО) Азманов се колне во деца дека плаќал рекет само на Ивица Конески

На вчерашната прес конференција на која бизнисменот Зоран Азманов зборуваше за конфликтот кој го има со Бојан Јованоски и 1ТВ околу емисијата „Инсајдер“, одговарајќи на новинарско прашање дали некој друг низ годините му барал рекет, се заколна во своите деца дека никој никогаш не му барал пари, освен Ивица Конески додека беше градоначалник на Аеродром.

Новинар на прес конференцијата праша:

„Точно ли е дека градоначалниците од вас бараат станови за да добијат дозволи за градба?“

Азманов: „Од мене ви се колнам во сите деца никој никогаш ништо! Едино Ивица Конески бараше за МЗТ големи суми пари, донации и сме ги плаќале, што да правиме ! Сите кои градеа во Аеродром, сите плаќаа за МЗТ тогаш… “

Азманов на прес конференцијата го прозва и бизнисменот Ванчи Чифлиганец, за кого кажа дека плаќал како што ги нарече спонзорства во телевизијата.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток