Македонија

Ќе овозможам да има седум лифта во болницата во Тетово, вели Меџити

Не само еден, туку седум лифта ќе има во болницата во Тетово, истакна министерот за здравство, Фатмир Меџити.

Одговарајќи на новинарски прашања, Меџити денес кажа дека бара да се обезбедат лифтови за да не се носеле пациенти во ќебиња.

„Тропам на сите врати во сите надлежни институции во Македонија. Не можам да обезбедам еден лифт набрзина за да не се носат пациентите со ќебиња, но тоа се нашите закони, тоа е нашиот правен систем. Врзани ми се рацете, но јас не само еден, ќе овозможам да има седум лифта во Тетово, ќе има во хематологија, ќе има во интерно, ќе има во хирургија, значи сите лифтови што не работат во државата ќе работат за три месеци. Држете ме за збор за тоа“, рече Меџити.

На почеток