Македонија

Штом Ковачевски и Владата велат дека имаат мнозинство за уставни измени, ги повикуваме до Собранието да ја поднесат иницијативата, вели ВМРО-ДПМНЕ

Штом Ковачевски и Владата велат дека имаат мнозинство за уставни измени, ги повикуваме час поскоро до Собранието да ја поднесат иницијативата за промени на Уставот. Ковачевски вели дека имал храброст и ако таа храброст не ја изгубил некаде по пат или ако не му ја чуваат заклучена во фиока, нека се одважи и нека се појави во Собранието со овој предлог, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Патем кога Ковачевски ќе ја поднесува иницијативата за уставни измени нека си испечати една оставка со истата содржина која ја подготвил минатиот пат, но која му ја искинал Талат Џафери. Таа оставка очекуваме да ја поднесе веднаш по гласањето во собранието, кога ќе се утврди дека власта нема двотретинско мнозинство, а со тоа нема ни услови за отпочнување на постапката за промена на Уставот.

Џабе одолговлекуваат, џабе сеат магла, џабе купуваат време. Под овие услови и под ваков диктат уставни измени нема да има, затоа што ВМРО-ДПМНЕ и народот тоа нема да го дозволат.

Без одлука на Собранието неуставна и без мандат е и работат на телото на партиските експерти од владејачките партии кои ги трошат народните пари за хонорари. Овие наводни експерти го претворија нивното тело во желботека и џубокс за идеи, кои водат дури и до редефинирање на унитарниот карактер на Македонија.

Со други зборови власта си прави есап без народот и затоа е реакцијата на јавноста и на граѓаните. Власта треба да види, ако веќе не видела, дека со својата самобендисаност и полтронство постојано удираат во ѕид и ја носат државата во ќорсокак. Тоа мора да се промени и ќе се промени, оваа криминална власт ќе биде казнета“, се вели во соопштението.

На почеток