Османи ќе иницира посета на Митровица и повика на смирување на тензиите
Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи по немирите кои се случија денеска на Косово, повика на смирување на тензиите. Во својство на претседавач, Османи повика на деескалација.
„Од клучно значење е да се зачува мирот и стабилноста. ОБСЕ е подготвена да понуди помош, а Мисијата на ОБСЕ во Косово го има кредибилитетот и довербата помеѓу граѓаните и институциите да пружи поддршка“, напиша Османи.
Најави дека многу скоро повторно ќе ја иницира посетата на Митровица. Има повредени во судирите меѓу косовската полиција и граѓаните од српска националност.
Српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ денеска изјави дека припадниците на вооружените сили на Србија се распоредени на позиции кон административната линија. Тој вели дека Србија нема да дозволи нова „Бура“.