Матурантка не полагала државна матура оти ја немало на списокот
Од
Објавено на
На матурантката Тијана Силјаноска од Охрид и’ било оневозможено да го полага првиот дел од државната матура.
Нејзиниот татко во изјава за медиумите кажа дека името на ќерка му го немало на списокот, па девојчето било вратено дома и е на седативи.
Родителот вели дека неговата ќерка сакала да се запише на факултет по физиотерапија во Словенија, но без матурата таа е спречена, а вината ја лоцира кај администрацијата и директорката во гимназијата кои направиле грешка.
Таткото повика на одговорност и кажа дека реагирале до сите надлежни инспекторати.
Министерот за образование Шаќири најави дека ќе го испита случајот.