Тетовчанка го пријавила внукот во полиција, и се заканувал и ја оштетил покуќнината во нејзиниот дом
Од
Објавено на
Teтовчанка во полиција го пријавила својот внук од кој добила закани и кој агресивно се однесувал со неа.
Вчера во 21.00 часот 60 годишна жена пријавила дека нејзиниот малолетен внук агресивно се однесувал, ја оштетил покуќнината во нејзиниот дом во Тетово и упатувал закани. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. Во полицискиот билен месецов имаше повеќе случаи, каде имало недоразбирања меѓу роднини кои завршила со пријава во полиција.
На 8 мај имаше информација дека во гостиварско, момче на возраст од 21 година тепало 77 годишна баба.