„Вучиќ шири темнина и ни ја украде радоста, ние се бориме против него“, актерот Никола Којо дел од протестот „Србија против насилството“
Од
Објавено на
Актерот Никола Којо беше учесник на протестот „Србија против насилството“ и вели дека дошол затоа што е против насилството кое, како што вели во Србија се случува повеќе од 30 години. Тој изјави дека сликата од протестот покажува упорност и решителност, а особено не штедеше зборови против српскиот претседател Александар Вучиќ.
„Овој човек успеа да ја украде радоста со неговиот мрак што се шири околу него и неговата група на интерес. Украде пари, и можеби ќе одговара за тоа, но ја украде радоста и за тоа најмногу доаѓаат луѓето. Тој шири темнина, а ние се бориме против него“, рече Којо.