Приведени седум скопјани фатени со дрога
На 28.05.2023 во 01.35 часот во близина на угостителски објект во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода Н.Н.(36) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 27.05.2023 во 16.35 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.М.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 27.05.2023 во 11.50 часот на клучка Арачиново, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода О.И.(31) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 27.05.2023 во 11.15 часот на подрачјето на Мирковци, полициски службеници го лишиле од слобода В.Г.(40) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 27.05.2023 во 22.30 часот во Велес во близина на река Бабуна од полициски службеници од Одделението за недозволена трговија при СВР Велес биле лишени од слобода Ф.М.(27), Ј.Н.(34) и С.Н.(25) сите од Скопје кои биле со патничко возило затоа што во возилото биле пронајдени таблети екстази. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.