Македонија

Се враќа дневната евтина тарифа на струјата, вели Бислимоски

Се враќа дневната евтина тарифа на струјата, објави директорот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски. Ќе бидат два часа, во периодот од 11 до 16 часот.

„Ги правиме последните анализи, јасно е дека ќе бидат два часа, некаде во периодот од 11 до 16 часот“ рече Бислимоски.

Во тек се и консултации со ЕВН во однос на броилата поставени во домовите и нивно прилагодување.

„Евтината струја нема да стапи на сила во еден ист момент за сите, поради тоа што голем дел од броилата немаат далечинско управување, па тимови ќе треба кај секој да пристапат физички“ објасни Бислимоски.

Конечната одлука регулаторна ќе ја донесе во следните 15 дена.

На почеток