Македонија

Мицкоски никако да каже што одлучи, дали е за ЕУ или за Левица, вели СДСМ

Мицкоски никако да каже што одлучи: дали е за ЕУ или ќе продолжи во антиевропскиот блок заедно со проруската Левица, вели СДСМ

„Ова е момент на вистината за Мицкоски кој со недели бега од одговор на ова прашање и како и многу пати претходно кога се решавале важни прашања покажува несериозност, неодговорност и често менување на ставовите.

Овој клучен период, кога пред нашата држава е отворена историска шанса за продолжување на европскиот пат, бара одговорност на сите политички субјекти е да се приклучат на тој пат.

Сега е време за сплотеност, заедништво, обединување и издигнување над политички и идеолошки разлики во име на поквалитетен живот и посигурна иднина за сегашните и за идните генерации.

Потребно е да се искористи моментот и поддршката од САД за да се реализира уште една стратешка цел – полноправно членство во ЕУ“, се вели во соопштението.

На почеток