Скопје

Неколку улици во Скопје денес без вода

Поради технички зафати и дефекти во водоводната мрежа денеска прекин во водоснабдувањето ќе имаат неколку улици во скопската населба Тафталиџе и реонот околу Градскиот Парк.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи врз основа на известувањата добиени од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, поради уличен дефект ф-160 милиметри на булевар „8-ми Септември“ бб, во близина на Институтот за социолошки, политички и правни истражувања, од 09:00 часот, па до санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од овој булевар и од улицата „Варшавска“ во Општина Карпош.

Поради дефект на приклучна цевка 1“ на улица „Варшавска“ 1-2, од 10:00 часот, па до санација на дефектот прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците на дел од оваа и од улиците „Париска“ и „Прашка“ во населбата Тафталиџе.

Поради замена на вентили во шахта на улица „Ристо Шишков“ 31 и „Крсто Баиќ“ 9а, од 10 часот без вода ќе бидат корисниците на дел од булеварот „Илинден“ на потегот од Градскиот Парк до Влада, како и дел од Градскиот Парк.

На почеток