Македонија

(ВИДЕО) Силно невреме во Неготино, поплавена трафостаница на ЕВН и деловни објекти

Според информацијата добиена од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Неготино, во текот на денот од 11.45 до 12.30 часот на подрачјето на Општина Неготино се случило невреме, пропратено со врнежи од дожд, известува Регионалниот ЦУК Велес.

Врнежите биле обилни и истите предизвикале поплавување на неколку деловни објекти во центарот на градот, трафостаница на ЕВН за којашто било реагирано на време од страна на Територијалната противпожарна единица ТППЕ Неготино и не дошло до прекин во електроснабдувањето.

Исто така, во с. Дисан била поплавена куќа.

ТППЕ Неготино интервенирале со 4 екипи од 8 пожарникари и 3 противпожарни ПП возила со соодветна опрема за испумпување на насобраната вода.

Според надлежните, има предизвикано материјална штета која дополнително ќе се утврдува.

Интервенцијата траела од 12.30 до 16,30 часот.

На почеток