Македонија

21 година постоење – ДУИ и Фракцијата со одделни прослави

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска одбележува 21 година од своето основање.

Од Раководството на ДУИ соопштија дека организирале панел-дискусија во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. На панел-дебатата на тема „Европски фронт”, меѓу останатите, ќе се обрати и лидерот на партијата Али Ахмети, поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска, политичкиот аналитичар Петар Арсовски, новинарот Газменд Ајдини, ексградоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи и други.

Од Фракцијата на ДУИ пак најавија посебен настан во 14:00 часот, кој што ќе одржи во Центарот за култура во Тетово.

На почеток