Припадници на Армијата ќе бидат испратени на вежба во Србија
Од
Објавено на
Владата донесе и одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „PLATINUM WOLF 23“, во Република Србија.
Оваа вежба, според Информацијата од Министерството за одбрана, е во организација на вооружените сили на Република Србија, а на неа ќе земат учество и вооружени сили на Република Грција, Република Словенија, Република Босна и Херцеговина, Република Романија, Република Унгарија, Обединето Кралство и Соединетите Американски Држави.