Македонија

Тројца арачиновци веќе шест дена не дозволуваат ЕВН да поправи дефект

Тројца арачиновци веќе шест дена не дозволуваат ЕВН да поправи дефект, а 160 соседи се без струја. Во селото Слупчане пак населението не дозволува да се реконструира електродистрибутивната мрежа на ЕВН, објави МКД.мк

Од ЕВН велат дека нивните екипи веќе шести ден не можат да поправат дефект на извод на дистрибутивната мрежа бидејќи тројца мештани не им дозволуваат да работат. Поради нивното нехумано однесување, 160 жители се без струја.

Тројцата арачиновци и на ЕВН и на општината им се познати по бројни злоупотреби и кражби на електрична енергија. Сите ги знаат А.Ќ., Р.С. и Д.Н., но никој ништо не им може.

Екипите на ЕВН секој ден чекаат на интервенција на МВР каде што бил пријавен овој случај.

Целиот текст можете да го прочитате тука

На почеток