Македонија

Се судрија автомобил и мотоцикл во Струмица, едно лице заврши во болница

На 09.06.2023 во 14.20 часот во СВР Струмица било пријавено дека во с.Муртино, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел астра“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.П.(52) од с.Куклиш, струмичко и мотоцикл „хамачи“ со струмички регистарски ознаки, управуван од П.Т.(18) од с.Борисово, струмичко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот П.Т. констатирани во болницата во Струмица. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

На почеток