МНР апелира за воздржаност од предвремени квалификации за нападот врз претседателот на бугарското здружение во Струга


Министерството за надворешни работи апелира за воздржаност од предвремени квалификации се до целосно расчистување на случајот со вчерашниот напад врз претседателот на бугарското здружение во Струга.
„Во врска со вчерашниот напад врз државјанин на Република Северна Македонија, Б.К. од Лабуниште, во текот на вечерните часови, е извршен службен разговор со осомниченото лице за нападот, А. Н. од Велешта, по што е известен јавниот обвинител.
Овој настан не смее да фрла сенка врз институционалните напори за негување на правата и интересите на помалите заедници, вклучително и напорите за уставно-правно загарантирани права за нив, меѓу нив и Бугарската заедница.
Ја повикуваме јавноста и политичките субјекти од соседна Бугарија да им овозможат на институциите на државата да ги расчистат околностите на настанот и соодветно процесуираат, согласно законската регулатива“ соопшти МНР.
Бугарското министерство за надворешни работи синоќа објави дека добиле информација за напад извршен вчера врз претседателот на бугарското здужение „Шемето“ од Струга.
