Без вода дел од Чаир и Карпош


Од ЈП Водовод и Канализација, пак, добивме известување дека денеска (четврток) без вода ќе останат:
-поради дефект на затварач Ф-300 мм на ул. Џон Кенеди бр.25, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Џон Кенеди (непарни броеви) од бр.1 до бр.29. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот (општина Чаир).
-поради уличен дефект на бул“ 8-ми Септември“, (после Гимназијата Георги Димитров (пред бараките) прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците потегот од Бул. Партизански Одреди до Митрополит Теодосиј Гологанов и дел од ул.Варшавска. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот (општина Карпош).
