Скопје

Вечерва дел од улиците во Скопје ќе бидат затворени за сообраќај

Министерството за внатрешни работи информираше дека Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за безбедност на патниот сообраќај денеска ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците околу национална арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Таму со почеток во 20.45 часот ќе се одигра меѓународен фудбалски натпревар помеѓу репрезентациите на Република Северна Македонија и Украина.

МВР апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.

На почеток