Македонија

Тоа што беа ставени 11 продолженија на Седници на дневен ред е јасен индикатор дека ќе има предвремени парламентарни избори, вели Крмов

Во вчерашното гостување, пратеникот Борислав Крмов откри дека во Собранието забрзано се ставаат заостанати седници на дневен ред, што единствено потврдува дека се подготвува терен за предвремени парламентарни избори – веднаш после обидот за уставни измени!

„Тоа што беа ставени 11 продолженија на Седници на дневен ред е јасен индикатор дека ќе има предвремени парламентарни избори. Ова е всушност еден вид на “чистка”, затоа што, доколку има избори, сите закони кои не се донесени пропаѓаат, без разлика во која фаза се. Затоа што секој НОВ парламентарен состав си почнува од седница број 1!

Ние имаме сознанија дека на собраниските служби им е дадено сите заостанати закони да ги чистат. Има генерална директива од Џафери да се чистат сите седници – што е најјасен индикатор дека после обидот да го променат уставот, ние ќе одиме на избори во есен.”

На почеток