Македонија

Турчин со автомобил удрил во 64-годишен охриѓанец

На 15.06.2023 во 21.45 часот во СВР Охрид било пријавено дека на крстосницата помеѓу бул.„Македонски pросветители“ и ул.„Даме Груев“ во Охрид, М.К.(61) од Република Турција, управувајќи патничко моторно возило „рено“ со шведски регистарски ознаки, удрил во С.П.(64) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.П., констатирани во Специјална болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

На почеток