Коментари

Куновска удри по Заев, Филипче и Николовски: Секое утро се будат со мисла што уште е останато да се разори и да се покраде

Поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев и ексминистерот за здравство Венко Филипче го посетија министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

„Зоран Заев и Венко Филипче благодарам за се што направивте за мојата и наша Крива Паланка. Чест ни беше што бевте наши гости“, напиша Николовски на фејсбук.

Поранешната функционерка на СДСМ Софија Куновска се огласи на социјалните мрежи во врска со оваа фотографија.

„Ви фали малку внимание, а? Вие би да се сликате, а?
Јадници. Незаситници.
Еве да ви пишам „малку внимание“.
Не разбираат дека се симбол на сите погрешни вредности што ги живееме.
Не разбираат дека после нив наново треба да се воспостави вредносен систем кој ќе се потпира на се спротивно од тоа што го симболизираат тие.
Лоповлук, неспособност, безчестие и лигавост. Секое утро се будат со мисла што уште е останато да се разори и да се покраде, каде уште да се бутне некој свој од кој ќе се придобие уште некоја полза. И после сите милиони, никому потребни, а толку желни за внимание.
Но, драги мои сами треба да се избориме за поинакви времиња, за подобри времиња. На очи ни се распаѓа државата.
Злоупотребите собираат прав во обвинителските и судските фиоки.
Ако заслужуваме поинакво нешто од овој трулеж и ќе добиеме. Ако не, тоа е. Или ќе се разбудиме или ќе пропаѓаме во оваа жива кал“, вели Куновска.

На почеток