Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози,а на некои повисоки места во западните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот.
Слаб снег провејува на П.Шапка и во Маврово.
Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинскиот превој Стража. Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар се укинува во 07.00 ч. Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот превој Буково е укината од 00.45 часот
На патниот правец Струга – г.п. Ќафасан (до с.Франгово) поради оштетувања на коловозот брзината е ограничена на 40 КМ / h.
На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
