Народот нема ништо од признанието на власта дека судството е корумпирано, оставки и одговорност веднаш, вели ВМРО-ДПМНЕ


Народот нема ништо од признанието на власта дека судството е корумпирано, оставки и одговорност веднаш, вели ВМРО-ДПМНЕ
„СДС и ДУИ целосно го девалвираат правосудниот систем во Македонија.
Димитар Ковачевски и Али Ахмети го користат Судскиот совет за исполнување партиско политички желби и влијанија, сведувајќи ја неговата работа на место за фаворизирање на определени партиски активисти и пазарење со судиските места.
Изјавите на министерот за правда Кренар Лога се само потврда за она кое што ВМРО-ДПМНЕ го зборуваше изминатиот период, а тоа е дека СДС и ДУИ го партизираат и политизираат правосудните органи.
Судскиот систем треба да ја гарантира независноста и заштита на судството и неговото унапредување, и да работи одговорно, професионално и транспарентно.
Најпрво СЈО кој беше продолжена рака на владата на СДС и ДУИ за политички прогон на неистомисленици, па наградување на Добрила Кацарска и именување за уставен судија, именување на шефот на обвинителството за организиран криминал Ислам Абази, па се до назначување на партиски активисти на СДС во Судскиот совет е пример како не треба да функционираат судските органи.
И Холандија реагира на случувањата во Судскиот совет. И за ова во европски држави паѓаат цели влади, само во Македонија, владата на СДС и ДУИ мува не ја лази. Токму поради ова е ниската доверба на граѓаните во судството и обвинителството.
Бараме веднаш оставка и одговорност“, се вели во соопштението.
