Извештајот на ОJO Битола за причините за смртта на малата Јана е готов
Извештајот на Основното јавно обвинителство Битола за причините за смртта на малата Јана Христовска (6) од битолското село Кравари е готов, но прво ќе го добијат родителите, па дури потоа деталите ќе ги дознае и јавноста, велат од битолското обвинителство.
На 22 март во битолската болница почина шестгодишната Јана неколку часа откако родителите ја донеле на преглед поради болки во грлото и повраќање. Тие се сомневаат дека станува збор за класична лекарска грешка и погрешна терапија во инфузијата.
Основното јавно обвинителство Битола отвори предмет за овој случај и побара обдукција.
Од обвинителството велат дека наредните денови ќе бидат објавени деталите за смртта на Јана Христовска.