Спорт

Сејдини не сакаше да му ја исплати наградата на Игор Ангелевски за ЕВРО 2020, па моравме да одиме по судови, вели Тортевски

Адвокатот Александар Тортевски преку социјалните мрежи откри дека поранешниот селектор, Игор Ангеловски преку суд морал да си ја наплати премијата која требало да ја добие за настапот на Европското првенство.

„По историскиот успех на репрезентацијата и пласманот на ЕП, претседателот Сејдини прво што направи е да го избрка селекторот, а на сите членови на УО на ФФМ им додели награди од по 20.000. Патем, на Игор Ангелевски не сакаше да му ја исплати наградата, па моравме да одиме по судови“, објави Тортевски.

На почеток