Македонија

Стејт Департментот јасно потврди дека високите претставници кои се дел од владата на СДС и ДУИ се криминалци, вели ВМРО-ДПМНЕ

Градоначалникот на Струга од ДУИ, Рамиз Мерко е на црната листа на Стејт Департментот бидејќи влијаел врз судските процеси и злоупотребувал фондови, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Човек кој што ја води Струга и е висок партиски функционер во ДУИ е прогласен за персона нон грата на САД. Цела фамилија на Мерко е на црната листа на САД.

Стејт Департментот јасно потврди дека високите претставници кои се дел од владата на СДС и ДУИ се криминалци.

САД нотира дека владините функционери се мешаат во судската власт и диктираат пресуди.

САД нотира дека во Македонија нема независно и професионално судство, туку политичко влијание од страна на високи функционери дел од криминалната коалиција СДС и ДУИ.

ВМРО-ДПМНЕ изминатите 6 години постојано реагираше на вмешаност на владата во судските процеси и партизираност и политизираност на судските органи. Речиси во секој извештај од Стејт Департментот се нотира корупција и криминал на владини функционери.

Ова е шамар за владата на СДС и ДУИ од САД.

Ова е само една од причината зошто ДУИ мора да оди во опозиција. Институциите да не молчат туку веднаш да реагираат.

Потребна е одговорност“, се вели во соопштението.

На почеток