Македонија

54 санкции за недавање првенство на минување

Во текот на вчерашниот ден (20.06.2023) во периодот од 09.00 до 14.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои не даваат првенство на минување на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 54 возачи. Од нив, 14 на територијата на СВР Куманово, 11 на територија на СВР Тетово… При контролата санкционирани се и 254 други прекршоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

На почеток