Македонија

Земјотрес во Берово

Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала утринава во 9 часот и 53 минути e почувствуван во Берово.

– Денес 22.06.2023 година во 09 часот и 53 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 113 km југоисточно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Делчево-Берово, со Рихтерова локална магнитуда ML2.7, информираат од Сеизмолошката опсерваторија во Скопје.

Како што информираат оттаму, според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во Берово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

На почеток