Македонија

Три лица нападнати од кучиња скитници

На 22.06.2023 во 11.45 часот во Полициската станица Аеродром, С.П.(61) од Скопје пријавил дека на ул.„Февруарски поход“ бил каснат од куче скитник.

На 21.06.2023 во СВР Битола, Љ.Х.(52) од Битола пријавил дека на ул.„Крушевска Република“ во Битола бил каснат од куче скитник.

На 21.06.2023 во 12.15 часот, Г.С.(57) од Кичево во полициска станица пријавил дека во близина на Градските гробишта во Кичево бил каснат од куче скитник.

На почеток