Груби го пречека албанскиот репрезентативец и го нарече „нашиот фудбалер“


Поранешниот фудбалер на Вардар, Јасир Асани денес беше на прием кај македонскиот министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.
Посетата на Асани во кабинетот на Груби е поради настапот на Асани за албанската репрезентација и неговиот дебитантски гол за оваа селекција. Груби во својата објава дури и го нарече „нашиот фудбалер“
„Задоволство ми беше да го пречекам нашиот фудбалер, дел од албанската репрезентација, Јасир Асани, денеска во мојот кабинет. Дресот на победата над Фарските острови во мојот кабинет како подарок од ѕвездата на националната репрезентација Јасир Асани како добар предвесник за квалификациите“, објави Артан Груби, првиот вицепремиер на Владата на Македонија на својот фејсбук-профил.
