Магазин

Сузана Спасовска и Миле Кузмановски вечерва ќе пеат во Драчево

Повеќе од 15 000 посетители вчера вечер уживаа во фантастичната атмосфера на првата вечер од Културното лето во Кисела Вода.

Настанот го отвори DJ Mats кој со својот добро познат стил го подигна расположението кај сите присутни, а потоа свој концерт имаа 2Бона.

– Час и половина хип хоп, најпопуларните хитови на кои се играше и пееше на преполниот простор пред салата Расадник, уште еднаш покажаа зошто DJ Mats беше одличен избор за отворањето на неделата во која Кисела Вода го слави и својот 68-ми роденден и новото Културно лето. Веднаш по него незаборавен концерт одржаа 2Бона, чии песни наизуст ги пееше целата публика. Во редици се чекаше за фотографија со ѕвездите на вечерта кои, во моментот работат на химна за Кисела Вода, велат од општината.

Вечерва прославата продолжува на Три Круши, во Драчево, со фолк вечер. Настапуваат Куд Китка, Сузана Спасовска и Миле Кузмановски

На почеток