Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ наместо да реализира нови проекти, се фалат со проектите на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ и понатаму продолжува да ги лаже граѓаните. Веќе две години откако СДСМ ја има власта во свои раце, немаат реализирано ниту еден проект, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ наместо да промовира и реализира нови проекти, се фалат со проектите на ВМРО-ДПМНЕ.

Имено СДСМ се фали дека наскоро ќе бидат пуштени во употреба автопатот Миладиновци – Штип и автопатот Кичево – Охрид, но тоа се проекти кој беа оставени во напредна фаза на реализација од владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Државата и граѓаните станаа жртви на неспособноста и незаинтересираноста на СДСM. Затоа многу скоро граѓаните ќе ги казнат СДСМ за сите црнила кои и ги нанесуваат на Македонија“, се вели во соопштението

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток