Премиерот Ковачевски во официјална посета на Берлин
Од
Објавено на
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, во рамки на официјалната посета на Берлин, Сојузна Република Германија, денеска ќе биде пречекан со највисоки државни почести и ќе оствари средба со германскиот канцелар Олаф Шолц.
По завршување на средбата, предвидена е заедничка прес-конференција на премиерот Ковачевски и канцеларот Шолц, која е закажана за во 19:30 часот.
Во состав на делегацијата која ја предводи премиерот Ковачевски се заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
По заедничката прес- конференција, двете официјални делегации ќе имаат работна билатерална средба и вечера.