Македонија

Наместо да се гради, се крадело, само со еден случај ДПМНЕ злоупотребиле 57 милиони евра, пари на граѓаните, вели СДСМ

Случајот Феникс којшто го отвори надлежна институција, Обвинителство, покажа дека само за 11 споменици ДПМНЕ злоупотребиле 57 милиони евра, пари на граѓаните, вели СДСМ

„Осомничените незаконски обезбедиле 57,6 милиони евра за 11 споменици и проневериле околу 17 милиони евра, со класична манипулацијата со вредноста на спомениците.

Само преку еден случај 57 милиони евра?

Додека луѓето осиромашуваа ДПМНЕ на грбот на народот краделе пари.

Прашањето е колку градинки, колку училишта, болници можеле да се направат, за доброто на народот.

Но, од ДПМНЕ решиле наместо во градинки, училишта, болници, парите на народот во нечии џебови да завршат.

Затоа во времето на ДПМНЕ немаше нови градинки, немаше нови школи, затоа што се крадеше“, се вели во соопштението.

На почеток