Македонија

Уапсени 20 лица на „Д Фестивал“

Во текот на изминатиот викенд полициски службеници од СВР Скопје уапсиле 20 туристи кај коу била пронајдена дрога за време на музичка манифестација „Д Фестивал“ во Стар Дојран.

„Притоа, биле лишени од слобода 20 лица, од кои 1 грчки државјанин, кај кои при преглед била пронајдена разновидна дрога. За случаите е известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по нивно целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави“, објави МВР.

Од полицијата додаваат дека овие зајакнати контроли, покрај соодветно санкционирање на овој тип кривични дела, имаат за цел и превенирање на недозволената продажба и употреба на наркотични средства меѓу младите, како најчести посетители на ваков тип музички манифестации.

На почеток