Скопје

206 сообраќајни прекршоци во Скопје, 11 казни за возење без возачка дозвола

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (05.07.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 206 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 35 санкции, 42 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, 11 санкции за возење без возачка дозвола, седум мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за некористење сигурносен појас, осум мерки за непрописно престројување на возила, четири санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила..

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

На почеток