(ФОТО) Околу 80 тони опасен отпад од малата депонија во ОХИС извезени на уништување во Франција

Од
Објавено на

Како резултат на активностите за чистење и ремедијација на Лот 3 од малата депонија во ОХИС, во текот на вчерашниот ден се извезени на уништување во Франција околу 80 тони опасен отпад.
„Преку досегашните активности на третиот лот, ископани и спаковани се 210 тони на земја контаминирана со HCH чиј извоз е планиран за следните 2 месеци и ископани и спаковани се 231 тон на HCH отпад.
Во оваа фаза, според Планот за ремедијација одобрен од МЖСПП, ќе се отстранат вкупно 525 тони на HCH отпад и 210 тони на земја контаминирана со HCH“, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.
