Рама не се согласува со политиката на Курти: Таа политика стана пречка, погрешна политика
Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека нема ништо лично против косовскиот премиер Албин Курти, кој одбил да се сретне со него.
Рама рече дека има многу добри лични односи со Курти, но дека не се согласува со неговата политика што ја води во последно време, односно со „самоизолацијата“ наметната од Косово.
„Таа политика стана пречка, погрешна политика, јас немам апсолутно никаква врска со човекот. Не го напаѓам премиерот Курти. Јас заземам став за одредена политика. Немам ништо лично против него. Го сметам пријател и тој е некој со кој уживам да дебатирам“, додаде тој. Рама ја исмеа изјавата на Курти дека „Косово е најдемократската земја на Западен Балкан“.
Според него, политиката што се води во Приштина ја направила Србија да изгледа како жртва пред меѓународната заедница.
„Трагично е. Кој е одговорен за тоа? Тоа не функционираше поради некое интелигентно движење во Србија. Тоа е дело на Приштина“, посочи Рама.
Како што вели, Курти ретко одговара на неговите пораки.
Тој наведува и дека се уште нема официјален одговор од Владата на Косово дали средбата со премиерот Курти ќе се одржи или не.
„Ме загрижува фактот што и сега кога разговараме се уште не добивме официјален и сериозен одговор од сериозна земја која официјално прашува и официјално одговара. Сите други влади одговорија на нашето барање. Ниту сега кога зборуваме не можеше да се контактира со кабинетот“, рече Рама.