Македонија

Случајот Феникс е последна потврда дека ДПМНЕ е криминална партија, вели СДСМ

Последна потврда за тоа дека ДПМНЕ е криминална партија е случајот Феникс, вели СДСМ

„Согласно обвинението, над 57 милиони евра пари на граѓаните биле проневерени за 11 споменици во Скопје 2014.

Осомничени се 15 лица меѓу кои и највисоки поранешни функционери на ДПМНЕ.

На криминален начин се правеле шеми за перење и испумпување пари, да завршат во нивните џебови.

Со 57 милиони евра можеле да се направат над 33 нови и опремени градинки, или над 15 нови училишта.

Во ДПМНЕ не се грижеле за граѓаните единствено мислеле како да се богатат на грбот на народот.

Но тоа е вистинското, криминално лице на ДПМНЕ“, се вели во соопштението.

На почеток