Се испушта милион тони радиоактивна вода со која се ладеа уништените реактори на Фукушима
Јапонскиот нуклеарен регулатор денеска и даде одобрение на токиската енергетска компанија „Тепко“ да започне со испуштање на повеќе од милион тони радиоактивна вода.
Одобрувањето на јапонскиот регулатор е последниот чекор потребен за започнување на тој процес, во чиј „центар“ беше уништена нуклеарната централа Фукушима.
Работната група формирана од МААЕ во 2021 година за да ја испита безбедноста на планот на Јапонија за ослободување на радиоактивна вода од објект уништен од цунами пред повеќе од една деценија вклучува членови од Аргентина, Австралија, Канада, Франција, Маршалските Острови, Јужна Кореја, Русија, Велика Британија, САД и Виетнам.
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во вторникот соопшти дека планот на Јапонија е одобрен бидејќи испуштањето на радиоактивна вода ќе има незначително влијание врз животната средина.
Владата на Јужна Кореја денеска соопшти дека се согласува со планот Јапонија да испушти прочистена радиоактивна вода од „Фукушима“.
Владата соопшти дека Сеул извршил сопствена проценка на процесот и заклучила дека радиоактивниот материјал ги исполнува меѓународните стандарди за испуштање во океанот.
Кина ќе го забрани увозот на храна од околу една петтина од јапонските префектури од безбедносни причини, објави денеска кинеската царина, повикувајќи се на испуштањето радиоактивна вода од Јапонија во океанот.
Кина е најголемиот купувач на јапонски морски плодови.
Кинеската царина најави дека континуирано ќе ги следи радиоактивните материи со цел да се осигура безбедноста на храната увезена од Јапонија.
Кина со недели јавно изразуваше силно противење на планот на Јапонија да испушти прочистена радиоактивна вода од Фукушима во океанот.