Ванковска за обврската да се менуваат документите: Овие си пукаа себе си во нога, а нам во новчаник и во глава
Професорката Билјана Ванковска, на својот Фејсбук профил го искритикува системот за закажување за промена на личните документи.
„Цело утро изгубив – ама буквално цело претпладне – на ѕвонење на бројот на МВР за закажување термин (истечена возачка дозвола) и на нивниот сајт за истата намена. На секои 10 минути до овој момент никој не одговара на телефонот (сите се зафатени), а сајтот не дава слободен термин до 28 јули (до каде што стасав). Не знам како не најдоа еден просечен информатичар кој ќе им направеше интерактивна табела со слободни и зафатени термини (авио-превозниците тоа го имаат кога бираш седиште во авион)! Овде те тера „пешки“ да одиш од термин до термин, од ден на ден, за да добиеш ист одговор: нема слободен термин!
Овие си пукаа себе си во нога, а нам во новчаник и во глава со хаосот кој сами го создаваат со промената на документите. Сега ќе биде хаос со нашите од странство, а во меѓувреме ние овде нем да можеме ни лична карта или возачка да смениме во редовен термин.
За она на С и да не зборувам…“, напиша Ванковска.