Скопје

(ВИДЕО) Тројца вработени во Комунална завршија повредени по вчерашниот протест

Вчера вечерта, пред седиштето на Комунална хигиена, се одржуваше протест од страна на вработените во претпријатието.

Во рамки на протестот, вработените ја блокираа капијата и не дозволуваа камионите да излезат за да го соберат ѓубрето низ Скопје.

Како последица на тоа, изби инцидент во кој беа повредени тројца работници, а полицијата приведе четири лица.

Некои од вработените дури легнаа на асфалтот за да ги блокираат возилата да излезат од претпријатието.

Сепак и покрај обидите за блокирање, камионите излегоа да го собираат сметот низ Скопје.

На почеток