Арсовска: Успеавме да извојуваме уште една победа, Скопје се чисти
Контејнерите во главниот град веќе неколку дена се преполни со смет. Не стивнуваат реакциите од граѓани поради тоа што ѓубрето не се исфрла од контејнерите. Уште полошо е велат што поради топлото време се шири страшна смрдеа. Причината за ова е што од петокот дел од вработените во „Комунална хигиена“ протестираат и не го собираат ѓубрето, но и не дозволуваат останатите вработени да работат.
Денес на социјалните мрежи се огласи градоначалничката Данела Арсовска која вели дека успеала да извојува уште една побда, со тоа што започнало чистењето на Скопје.
„Успеавме да извојуваме уште една победа со цел заштита на јавниот интерес, интересот на скопјани.
Скопје се чисти, екипите на Комунална хигиена Скопје се на терен, состојбата во претпријатието е нормализирана.
Не дозволивме и нема да дозволиме мафијашки структури заедно со политичкиот смет да наштетат на интересите на македонските граѓани.
Она што го ветив пред граѓаните е дека ќе работам чесно и во нивен интерес и ништо нема да ме спречи да го исполнам дадениот збор.