Скопје

Вработените во „Комунална хигиена“ од вечерва се враќаат на работа

Од вечерва се враќаат на работа вработените во „Комунална хигиена“ во Скопје.

Извршниот одбор на синдикалната организација при ЈП „Комунална хигиена“ одржа состанок и донесе одлука револтот на вработените да продолжи да го манифестира и да искористи други законски права што ги имаат со цел граѓаните на Скопје да не трпат поради игнорантскиот однос на менаџментот на претпријатието во однос на решавање на проблемите на вработените во „Комунална“.

Како што рекоа претставниците на синдикатот, сите вработени денеска ќе почнат со своите работни активности со оглед дека претстојат денови на екстремна жештина и веќе работниците од втората смена ќе почнат со работа, со собирање на сметот.

„Во текот на денот синдикалната организација ќе одржи уште еден состанок за дефинирање на понатамошните чекори во однос на проблемите што ги имаат вработените во ‘Комунална’“, посочија од синдикатот.

На почеток