Македонија

Сообраќајка на патот с.Јабланица-с.Лабуништа, две лица тешко повредени

На 10.07.2023 во 22.10 часот било пријавено дека на регионалниот пат с.Јабланица-с.Лабуништа се случила сообрaќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“, управувано од А.Н.(18) и патничко возило „фолксваген голф“, управувано од Е.С.(35), двајцата од с.Лабуништа и двете возила со струшки регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Е.С. и сопатникот од возилото „голф“ Џ.К.(37), а со телесни повреди се здобиле сопатниците од возилото „бмв“, С.Н.(18) и А.Л.(18), сите од с.Лабуништа, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга.

To Top