Арсовска го нарече инфлуенсер, па Георгиевски и врати: Прашањето е дали има каде да се слика градоначалничката на Скопје?
Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Георгиевски во вчерашното гостување во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа изјави дека во неговата општина има реализирано многу проекти и имал многу слики, па праша дали има каде да се слика градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.
Да се сликате треба нешто да сработите или нешто да почнете да работите. За жал две години наназад, година и седум осум месеци од кога е госпоѓата Арсовска градоначалник на Скопје, јас еве имам многу слики, многу проекти се реализираат во мојата општина, имам каде да отидам да се сликам, и логички е секој кој што работи, сатисфакција му е да го претстави проектот пред граѓаните. Прашањето е, дали има каде да се слика градоначалничката на Скопје?
,,Јас барем имам каде да се сликам, многу реализирани или отпочнати проекти. Прашањето е, дали има градоначалничката на Скопје каде да се слика?”
🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣 pic.twitter.com/dR1YCyWTJG
— 𝕸𝖆𝖈𝖍𝖊 (@Vlatko100janosk) July 10, 2023
Претходно Арсовска ги нарече инфлуенсери своите колеги од скопските општини, кои се фотографираа со општинските служби како чистат ѓубре. Им посочи дека првин направиле неред, па играле политички игри.