Заедно со семејството и се заканувал на неговата поранешна девојка и ја истепал
Од
Објавено на
Денеска (11.07.2023) во 08.40 часот полициски службеници од Одделението за семејно насилство – Единица за насилен криминал при СВР Скопје го лишиле од слобода М.А.(27) од Скопје, поради тоа што претходниот ден тој и членови на неговото семејство упатувале закани кон неговата поранешна 25-годишна партнерка и членови на нејзиното семејство. Според пријавеното, тој и претходно ѝ се заканувал и физички ја нападнал. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.