Рокот за пријавување по промотивна цена за учество на атлетскиот викенд Охрид Трчат кој ќе се одржи на 2 јуни истекува за седум дена, односно на 31 јануари.
„Промотивната цена за стартниот пакет за рекреативната трка на 5 километри и тим билдин трката изнесува 400 денари, а за трката на 10 километри стартниот пакет чини 700 денари.
Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите, сите за Спорт“ подготвува многу изненадувања и новини за третото издание кое повторно треба да ги помести границите во нашата земја“, велат организаторите.
